• Sun. May 19th, 2024

Триото на Пиличев со специјална награда на Меѓународниот натпревар по гитара во Ќустендил

Во силна конкуренција со стотици учесници од десетина европски држави на Меѓународниот натпревар по гитара во Ќустендил, Бугарија, младите гитаристи на основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица заедно со менторот Васко Пиличев се враќаат со една специјална и една втора награда.

Специјална награда освои триото Елена Георгиевска, Амелиа Николова и Ивана Георгиевска.

Триото Елена Георгиевска, Амелиа Николова и Ивана Георгиевска за време на својот настап

Велјан Дојчинов, пак, освои втора награда.

Настапот на Велјан Дојчинов на Меѓународниот натпревар во Ќустендил

Годинава на натпреварот имаше учесници од Русија, Украина, Италија, Кипар, Грција, Србија, Северна Македонија и домаќинот, Бугарија.

Пиличев годинава беше дел и од стручното жири.

Велјан Дојчинов со менторот Васко Пиличев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *