Спорт

Тренчовски најдобар младински тренер, Мишов најдобар стрелец, Х.Турново најферплеј екипа

Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите фудбалери, тренери и екипи за 2016 година.  Признанието за најдобар тренер во младинските категории отиде кај координаторот и тренер во ,,Академија Пандев,,  – Југослав Тренчовски .

„Благодарам на ФФМ за признанието. Ова е најдрагото кое може да го добиете, од сите признанија, затоа што е признание за работа со младите категории. Голема благодарност на сите вклучени во работата во нашиот клуб и секако нашиот сопственик Горан Пандев“ – истакна Тренчовски.

Во Академија Пандев замина уште една награда од ФФМ. Во категоријата најдобар стрелец во младинска конкуренција, наградата  ја понесе голгетерот на ,, пандевци,, Александар Мишов

Награда однесе и второлигашот Хоризонт Турново чија екипа беше прогласена за најдобра Фер плеј екипа во 2016.

img_6465-615x40015442239_10209674795925266_174159820526495980_n

Препорачуваме:

Нови победи на Академија Пандев и Хоризонт Турново во Втората лига

Ване Трајков

Беласица конечно славеше против Академија Пандев

Ване Трајков

Видео – Јани Атанасов со евро гол ги смрзна младинците на Шкендија

Ване Трајков