• Fri. May 17th, 2024

Струмички Астарион во недела во Парк ќе го угости Младост 09 од Богданци, кој ќе продолжи со победите?

ByВане Трајков

Oct 13, 2018

Ракометарите на Астарион утревечер во спротската сала Парк во Струмица го пречекуваат тимот на Младост 09 од Богданци во меч од петото првенствено коло од Првата ракометна лига на Македонија. Станува збор за дерби натпревар ако се има во предвид дека се среќаваат два тима кои се обидуваат на големо да го вратат ракометот во Струмица и Богданци кои своевремено беа ракометни центри

Во досегашниот тек од првенството двата тима се речиси идентични во настапите. Струмичaни со две победи и едно реми се на 4 тата позиција додека гостите од Богданци на петата со идентичен број бодови

Во таборот на Астарион се надеваат на максимална подршка од публиката која треба да биде дополнителен играч на теренот. Момците се максимално подготвени да направат ново изненадување како новајлија во ова натпреварување. Гостите од Богданци пак сметаат дека ја имаат фаворитската улога заради искуството што го имаат одредени поединци

Сето тоа го прави овој меч најинтересен во ова група, кој ќе даде јасна слика – кој ќе се приближи до ракометниот прволигашки плеј оф каде патуваат 4 те најдобри тимови од Групите 1 и 2 за пласман во ракометната елита

Mечот меѓу Астарион и Младост 09 е закажан во 19 часот. Андонов и Јовановски ќе ја делат правдата на ова соседско ракометно соочување во кое струмичани настапвуаат во комплетен состав и се надеваат на продолжувае на победносниот од по славјето против Ринија и Куманово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *