Спорт

Струма Геотермика со убедлива победа против Брегалница во Делчево, тренерите не се задоволни од играта на првиот тим

Кадетките на ЖРК ,,Струма Геотермика” ја забележаа и четвртата првенствена победа во својата група. На гостувањето во Делчево ги надиграа своите врснички со 31 :16 , победа која ги однесе на третата позиција во групата со 9 екипи. Но и покрај убедливата победа, тренерскиот состав на струмичкиит женски ракометен клуб изразвуаат незадоволство пред се од недисциплината и прикажната игра на првиот состав заради што им се дала можност и на помладите ракометарки

,,Постојаното водство ни дозволи да добијат минутажа и помладите ракометарки на ЖРК СТРУМА-Геотермика. Како тренерски состав сме задоволни од резултатот, но не сме задоволни од опуштеноста и прикажаната игра на првиот тим која резултираше со недисциплина и многу грешки. Досегашните очекувања од резултатите се постигнати, до крајот имаме уште 3 кола од кои едно коло сме слободни, а другите 2 ги играме на домашен терен со Делчево-Вардар и Шампион од Скопје.,, информираа од ЖРК Струма Геотермика

Препорачуваме:

Бугарски Хебар Пазарџик верува дека со струмичанецот Љафтов ќе бидат во трка за титула

Македонија ја совлада Грција, и од првото место се пласираше на Европското првенство

Ване Трајков

Милевски: И покрај поразот треба да сме горди на фудбалерите

Ване Трајков