Спорт

Фудбалерите на Академија Пандев генерација 2008, го освоија турнирот во Петрич организиран од Левски Софија

Во конкуренција на шест екипи, фудбалерите на Академија Пандев генерација 2008, го освоија турнирот во Петрич Бугарија посветен на легендата на бугарскиот фудбал,  играчот на ФК Левски -Георги Аспарухов познат како Гунди.

Струмичките деца во финалето се сретнаа со тимот на Беласица од Петрич со кои во регуларниот дел одиграа 2:2 но во пенал серијата младите од Академија Пандев беа поуспешни и  славеа со 2:0 со што го освоија пехарот. Тренерот Васко Ѓеоргиев истакна дека ова генерација фудбалери  на турнирот покажале одлична игра и достоинствено го преставиле струмичкиот и македонскиот фудбал.

,,Станува збор за екипа на Горан Пандев, која има тимски дух, но сепак треба да се издвојат голманот Александар Трајков и стрелецот Андреј Тимов,, пишуваат локалните спортски портали од Бугарија

Турнирот беше во организација на општина Петрич и ФК Левски од Софија бидејки Аспарухов потекнуа од петричкото село Самуилово. Инаку турнирот го следеа и првите луѓе на општините Петрич и Струмица, Димитар Брчков и Коста Јаневски

 

Препорачуваме:

Брера Струмица одигра без голови со Селимбар

Ѓ. K.

Македонска репрезентативка замина на тест во Хајдук Сплит

Сузана Мицева

Се отвори нова кошаркарска Академија – ,,МВП,, во Струмица

Ване Трајков