Регион

Стамов ги извиси дојранчани – не ја потпишал одлуката и референдум за рудници во недела, нема да има

Дојранскиот градоначалник ги извиси дојранчани. Наместо референдум на 18 јуни, како што едногласно изгласаа советниците, оваа недела ќе биде само уште еден обичен викенд во Дојран. Градоначалникот Борче Стамов не ја потпишал одлуката на советот и не ги известил. Речиси цел месец жителите на Дојран се информираа и организираа за претстојниот референдум, но тој нема да се одржи. Информацијата ја дознале советниците случајно денеска, кога се обратиле до правната служба на општината и побарале податоци за избирачките места во општината, при што биле известени дека референдум нема да има. Вработените во општината не знаеле зошто одлуката не е потпишана. Советниците на Сдсм велат дека Стамов воопшто не се појавувал на седниците на советот и не можеле ниту да го консултираат за референдумот. Градоначалникот на Дојран не одговари и на телефонските повици на телевизија ВИС да одговори  зошто Дојран се подготвуваше а нема да одржи референдум за рудникот Казандол.

Препорачуваме:

ДЗС: Бројот на туристите зголемен за 25 проценти во март за разлика од лани

Дојде крајот на топлите и долги денови. Следува постудено и врнежливо време

Dimitar Micev

Што ќе учат првачињата од септември?

Стојне Митева