• Sat. May 18th, 2024

Српскиот напаѓач Ивковиќ во дресот на Брера Струмица

ByЃ. K.

Jan 9, 2024

Брера Струмица промовираше ново засилување, се работи за 27-годишниот српски напаѓач Џорџе Ивковкиќ кој доаѓа од Раднички Сремска Митровица.

Џорџе Ивковиќ е нов напаѓач на Брера. Тој во есенскиот дел од Првата српска лига, одиграл 17 натпревари при што дал три гола и имал една асистенција во дресот на Раднички Сремска Митровица.

„Ми преставува посебно задоволство што ќе бидам дел од Брера Струмица – фудбалски клуб кој има јасно дефинирана визија. Имам слушнато за клубот и среќен сум што дојдов овде. Навистина има одлични услови за работа но и како што забележувам доста професионалност во секој аспект што ме радува. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и заедно со тимот ќе ја исполниме целта за втората етапа од првенството“, кажа Ивковиќ.

Претходно Ивковиќ има настапувано за Лаци од Албанија, Акжањик од Казахстан, ИМТ Београд, Златибор,  Анкаран Словенија, Спартак Суботица,  Слобода Ужице и други српски клубови.

Извор: https://sport1.mk

By Ѓ. K.