Спорт

Сениорите на АП Брера ги почнаа подготовките за пролетниот дел – стратегот Круљ го имаше првиот собир

Првиот тим на АП Брера денеска ги отпочна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реалзиираат во три фази. Првата во Струмица, втората во Турција во Анталија  додека последната повторно на свој терен во Струмица.  Стратегот Бојан Круљ денеска го имаше првиот тренинг на кој на играчите им ја објасни динамиката на подготвителниот период но и неговите очекувања за вториот дел од сезоната.

„Во план е ова недела да биде воведна, да ги одредиме тестирањата  и лекарските прегледи. Во овие две недела пред Анталија ќе имаме базично трчање и подготовки за да се подготвиме што подобро. На 24 јануари патуваме за Анталија. Таму ќе имаме четири тест натпревари.  Ќе играме со Шабуртало од Грузија, со Черноморец Одеса од Укарина, Атирау од Казахстан и Рух Хожов од Полска. Тоа се натпреварите кои ни ги одбравме. Мислам дека се исклучително добри натпревари  со кои ќе се потрудиме што подобро да се подготвиме, што подобро да се воигра екипата и што поподготвени да го пречекаме вториот дел од сезоната“, рече Круљ

Од  таборот на Брера заминаа неколку играчи, а дојдоа и нови. Во меѓувреме подготовките за пролетнито дел од првеството, стратегот Круљ ги започна без Салваторе Рибаудао, Лео Антонио, Франко Нахуел  кои на првиот состав ќе се приклучат наредниве денови. Инаку се очекуваат и понатаму нови засилувања.

„Се надевам дека останавме на целта да го задржиме костурот на екипата и да со новите засилувања донесеме нешто ново во екипата. Мислам дека екипата поседува сериозен потенција има доста млади талентирани играчи и се надевам дека сето тоа заедно ќе го пакуваме така како што треба“, рече Круљ.

Составот на АП Брера есенскиот дел од првенството го заврши на осмото место со вкупно 20 бода. По 18 првенствени кола имаат 5 победи исто толку нерешени исходи и 8 порази.

Препорачуваме:

Беласица славеше против Борец – на трибините премиерот Зоран Заев со Кочо Анѓушев

Реал ја освои 35.титула

Сузана Мицева

Шампионот Струмица ,,гази”, пет натпревари и пет победи без изгубен сет – Надиграна и Шутова