Спорт

Ване Крстевски кариерата ја продолжува во Шкендија во Тетово

Фудбалскиот напаѓач Ване Крстевски (20 години), ќе ја продолжи својата кариера во Шкендија, Тетово. Тој пристигна во Брера од Штип и се придружи на клубот уште во 2019 година, заигрувајќи во младинските погони.

Во сениорскиот тим, Крстевски стана редовен првотимец почнувајќи во натпреварувачката сезона 2020/2021. Неговиот престој во Брера траеше четири сезони, за време на кои одигра вкупно 72 натпревари.

Во тој период, постигна 8 гола и направи исто толку асистенции. Во текот на актуелната сезона, Крстевски зад себе има 17 натпревари и 2 постигнати гола.

Препорачуваме:

Пандев израдува деца вo Џенова со велигденски подароци

Ване Трајков

Фото – Димитар Витанов апсолутен кадетски Шампион на Македонија во карате

Беласица на Младост против Шкупи, пандевци во Турново против гипсарите, утре играат за нови победи