Продолжуваат активностите за заштита на реката Вардар и целиот прекуграничен регион од загадување.Нов проект на општина Гевгелија финансиран од ИПА Програмата за меѓугранична соработка со Грција кој чини 516.500 евра за регулација на дел од коритото на Сува река.СО проектот е предвидена е регулација на делот од почетокот на свртувањето на коритото на Конска река (Сува река) кон јужниот дел од урбанизираната зона, во должина од 600 метри. Станува збор за најкритичниот дел од коритото, кое досега предизвикуваше излевање на речните води и загрозување на блиските станбени објекти, при пообилни врнежи и надојдени речни води. Со проектот се предвидува формирање на минор коритото на регулација, 7 каскадни прагови, а ќе бидат изведени заштитни насипи, така што дното и бреговите од коритото ќе бидат соодветно обликувани.
Од општината велат дека ова е капитален зафат, бидејќи со реализацијата на овој проект всушност ја започнуваме регулацијата на Конска река, односно Сува река, како што е попозната меѓу населението, која со години по ред предизвикува штети и последици. Поради високата вредност на целиот проект мораме да го реализираме во фази, така што со доделениот европски грант ќе биде регулиран најкритичниот дел од реката.
Истовремено, во ЈПКД„Комуналец“ќе добие му се доделени 123.807 евра за најсовремена лабораторија за мерење на квалитетот на водата.Со реализацијата на овој проект, исто така, ќе биде унапредена прекуграничната соработка со нашите парнери во општините Пеонија и Халкидона, а ќе се создадат нови предуслови пограничниот регион да стане еко регион.