• Tue. May 14th, 2024

Тренов: Министерот за земјоделство да дојде во Струмица и да го реши проблемот со пролетната зелка

ByDimitar Micev

Apr 20, 2018

Ветувањата на сегашната влада за откупната цена на пролетната зелка се празни, обвини Ромео Тренов член на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Струмица. Јавно го повика министерот за земјоделство Љупчо Николовски да дојде и да го реши проблемот, бидејќи како што вели, на некои откупни пунктови зелката се зема без цена, што остава простор да биде исплатена за уште пониска цена од овие мизерни осум денари.

Тренов вели дека ветувањата на власта за формирање интервентен фонд, кој ќе изнесува шест милиони евра, останал само мртва буква на хартија и ништо повеќе.Според него, и ветувањата дека ќе се отворат нови пазари за македонските земјоделски производи не се остварени, а актелната влада, како што рече тој, успеала да ги затвори и тие што ги отворила владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тренов додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период неколку пати предупредувале дека ќе дојде до драстично намалување на откупната цена на пролетната зелка, а владејачката партија ветувала дека цената ќе биде од 20-25 денари.

Реагираа од СДСМ и тврдат дека полека се нормализира извозот на пролетната зелка од струмичкиот регион. Само во текот на вчерашниот ден биле извезени 1.400 тони преку 78 пратки надвор од државата. За разлика од претходната влада, оваа влада работи на наоѓање на нови пазари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *