• Mon. May 13th, 2024

Рибар од Миравци се удави во Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар.

Несреќата се случила вчера во 15.40 часот додека на местото викано „Три тополи“, В.М.(19) и В.Ѓ.(56), местеле мрежи во р.Вардар, кога В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Вечерта тој бил понајден и извлечен од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *