• Mon. May 20th, 2024

„Распеани валандовчани“ со промоција на монографија ќе одбележат пет децении постоење

ByЃ. K.

Oct 28, 2023

На 3 ноември во Валандово ќе бидат одбележани пет децении од постоењето на музичкиот ансамбл „Распеани валандовчани“, кој исполнува староградска, народна и новокомпонирана музика, а основан е и опстојува од 1973 година.

Во фестивалската сала „Јанко Узунов“ во овој град, а во организација на Домот на културата „25 Мај“ во Валандово, со почеток во 19 часот, ќе биде одржана свеченост, на која ќе биде промовирана и монографијата „50 години распеани валандовчани“ (нов музички состав)“, на авторката Станка Бајлозова-Барламова.

промотор: Стефан Марковски
дискусија со авторот: Дијана Петрова
модератор: Петар Гурев

By Ѓ. K.