Градоначалникот Костадинов најави нова бесплатна услуга за граѓаните – „Струмички кавалер“

Градоначалникот Костадинов ја најави новата услуга во Струмица наречена Струмички кавалер.

Оваа услуга се воведува по примерот на Љубљана и вклучува електрични возила адаптирани за превоз во пешачка зона кои ќе излегуваат во пресрет пред сѐ на стари и изнемоштени сограѓани кои сакаат да се прошетаат низ паркот, плоштадот, пешачките зони во Струмица.

„Наша морална обврска е да мислиме на сите граѓани, да овозможиме секој да ја ужива преубавата Струмица. Имаме општествено одговорни компании кои со силна соработка со мене како градоначалник ја прават Струмица уште поубаво место за живеење“, соопшти градоначалникот Костадинов.