• Sun. May 19th, 2024

Изложбата „Јас и моите пријатели“ ќе биде поставена во Струмица

ByЃ. K.

Oct 28, 2023

ВО НУЦК „Антон Панов“ во Струмица на 3-ти ноември (петок) од 19:00 часот ќе биде поставена изложбата „Јас и моите пријатели“ од сликарот Мики Трендафиловски.

На изложбата ќе бидат претставени 10-тина дела на Трендафиловски, како и 36 дела, минијатури и мал формат од 36 автори од 12 држави.

Во изложбата ќе учествуваат и академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Данчо Ордев, Стојче Гоцков и други автори.

By Ѓ. K.