• Sat. Jun 1st, 2024

Приведен 48-годишен жител на Валандово, полицијата му пронајде марихуана

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детектора за метал и семки од растението канабис.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.