• Sun. May 19th, 2024

Градоначалникот Костадинов денеска оствари средба со Ебен Фридман, шеф на Мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ во Скопје

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

На средбата разговараа на теми од областа на безбедноста во градот и новите предизвици со коишто се соочува општина Струмица во секојдневното работење.

Општина Струмица и Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат одлична соработка и долги пријателски односи, којашто меѓу другото го препозна успешното функционирање на Локалниот совет за превенција и го препорача како модел за останатите општини во државата. Токму, овој Совет ја вброи Струмица меѓу 210-те градови и општини ширум светот кои се членови на Мрежата на силни градови.

By Ѓ. K.