• Sun. May 12th, 2024

На 1 октомври годинава за првпат се организира АЈВАРИЈАДА во Босилово

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

Општина Босилово за првпат ова година ќе ја организира локалната манифестација „АЈВАРИЈАДА – во општина Босилово 2023 година“.

Настанот ќе се одржи во село Босилово (училишното спортско игралиште) на ден 01.10.2023 година (Недела) со времетраење од 09:00 – 15:00 часот.

Оваа манифестација е од големо значење за нашата општина и земјоделските производители кои се занимаваат со градинарско производство и одгледување на црвени пиперки.

Настанот ќе биде исполнет со богата културно уметничка програма која ќе започне од 12:00 часот во која ќе учествуваат Ленче Кукиќ, Благица Калева, Живко Динев, Бисера Гавровска, КУД „Гоце Делчев“ – Босилово, КУД “Кирил и Методиј“ – Иловица.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да се вклучат во активностите поврзани со „АЈВАРИЈАДАТА“ може да се пријават во Општина Босилово или на телефонскиот број 070-303-795.

By Ѓ. K.