Регион

Донација од “Boots for Balkans” за второодделенците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево

Учениците во второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“ Василево добија спортска облека која е донација од “Boots for Balkans”, австралиска добротворна организација. Донацијата е реализирана преку нашите иселеници во Австралија.

Радоста од подароците учениците ја изразија со ветување дека спортувањето ќе стане нивно секојдневие.

“Boots for Balkans” е добротворна организација чија цел е преку донации, спонзорства и финансирање да обезбедат еднакви можности за сите љубители и учесници во спортот.

Препорачуваме:

Кои биле последните жители на Цареви кули

„Пица струмичанка “ ги изненади Светските пица мајстори во Италија

Сузана Мицева

Се намалува ли невработеноста кај младите?