Македонија

 Претставници на општина Струмица учествуваа на работилница во рамките на програмата на Светска банка

Како општина на која развојот во сите области и е приоритет и која секогаш ги следи трендовите за успешно менаџирање, Евгенија Граматикова и Софија Ристова Патрикова како претставници на општина Струмица учествуваа на дводневна работилница во Скопје за општински финансии, урбано планирање и менаџирање со земјиште, а во рамките на програмата на Светска банка „Дијалог меѓу градовите“,  се вели во писмената информација од Општина Струмица.

На оваа работилница, Патрикова го презентираше делот на  урбана ревизија, а во кој пак беа потенцирани позначајните реализирани проекти меѓу кои и Пречистителната станица, но и проекти кои што се дел од Акциониот план на општина Струмица и ќе бидат реализирани во наредниот период, а Светска банка е една од потенцијалните можности за финансирање на општински проекти, додаваат оттаму.

Препорачуваме:

Завршија регионалните средби за обука на службениците за млади

Маричиќ- Членството во ЕУ ќе ги отфрли сите нон-пејпери

Литературна манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ во Струмица