• Fri. May 17th, 2024

Литературна манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ во Струмица

По петок и сабота по 17 пат се одржуваат деновите на Подгорец

 

На 16 и 17 ноември, петок и саботаќе се одржат 17 по ред „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, манифестација во чест на ликот и делото на еден од најпознатите и најплодни писатели за деца во македонската книжевност.

Манифестацијата започнува со советување на тема: „Употребната вредност на литературата за деца во списанијата Росица, Другарче, Развигор и Наш свет, во организација на издавачката куќа „Просветно дело“, наменета за наставниците од основното образование. Предавачи ќе бидат универзитетските професори проф. д-р Снежана Мирасчиева, проф. д-р Снежана Митковска Јованова и проф. д-р Мито Спасовски.

Веднаш по советувањето ќе се одржат книжевни разговори под мотото „Творештвото на Видое Подгорец – патоказ за современата литература за деца“. На разговорите ќе настапат: Киро Донев, проф. д-р Мито Спасовски, д-р Ана Витанова Рингачева, Ксенија М. Трајчева, Сузана Мицева, Горјан Петрески, Ванчо Полазаревски, Тања Гошева, Весела Богдановиќ, Иван Котев и Ацо Гогов.

Настаните ќе ги модерира и на нив ќе учествува поетот и новинар Ѓорги Калајџиев.

Првпат манифестацијата е одржана на петгодишнината од смртта на писателот Подгорец. Идејата тргнала од Киро Донев еден од долгогодишен пријател и соработнки на Видое, кој повеќе од четири децении бил еден од најблиските луѓе на писателот.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и две креативни работилници на ученици со писателите, во центарот за култура „Антон Панов“ и во Колешино, родното место на Видое Подгорец.

Организатор на манифестацијата е здружението на граѓани „Средби под јаворите – Видое Подгорец“,  заедно со Просветно дело.  Настанот е поддржан од општините Струмица и Ново Село, а училишта домаќини се основното училиште „Видео Подгорец“ од Струмица и основното училиште „Видое Подгорец“ од Колешино.

 

Преку 600 песни на конкурсот „Денови на Подгорец“

 

Годинава се распиша и литературен конкурс на слободна тема за учениците од основните училишта на која пристигнаа 600 творби од повеќе од 120 училишта од државата.

Конкурсот беше во три категории. Прва – ученици од второ и трето одделение, втора ученици од четврто и петто одделение и трета ученици од шесто до деветто одделение.

Наградени ученици по категории:

Гран при награда на конкурсот:
Илиева Благица 7 одд. ОУ „Никола Карев“ Радовиш

Ментор: Коцева Драгана

Специјална награда (за обид за пишување поема)

Сандра Недановска 9 одд. ОУ „11 Октомври“ Скопје

Прва група категорија

  1. Теа Митева 3 одд. ОУ „Никола Карев“ – Пробиштип
    Ментор: Соња Данилова
    2. Леона Марковска 3 одд. ОУ „Елпида Караманди“ – Битола
    Ментор: Гордана Угриновска
    3. Ружица Паланова 3 одд. ОУ „Видое Подгорец“ – Струмица

Втора категорија

  1. Елена Велкоска 4 одд ОУ „Лазо Ангеловски“ Скопје
    Ментор: Светлана Јосифовска
    2. Деспина Грданова 5 одд. ОУ „Блаже Конески“ Велес
    Ментор: Светлана Бобевска
    3. Ања Мировска 4 одд. ОУ „Живко Брајковски“ – Скопје
    Ментор: Лилјана Атанасова

Трета категорија

1.Илија Амбарков 8 одд ОУ„Кирил и Методиј“ Велес
Ментор: Анита Мирчева
2.Јана Костовска 9 одд. ОУ „Јоаким Крчовски“ Скопје
Сара Донева 7 одд. ОУ „Борис Трајковски“

Пофалени:

1.Марија Митева 8 одд. ОУ„Гоце Делчев“ Василево
Ментор Јулијана Малинова
2. Мирјана Василева 8 одд. ОУ„Крсте П. Мисирков“ Радовиш
Ментор Гордана Здравковска

  1. Марија Николова 4 одд. ООУ „Видое Подгорец“ Колешино

П.У. Мокрино

  1. 4. Ангела Андоновска 9 одд ОУ „Андреа Савевски – Кикиш“ Тетово
    Ментор Елизабета Стојчевска
    Давор Трајков 9 одд. ОУ „ Гоце Делчев“ Штип
    Ментор: Марија Ристова

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *