• Mon. May 20th, 2024

Првото струмичанче во 2024 е машко, си доби штедна книшка од Општина Струмица

ByЃ. K.

Jan 1, 2024

После 1 час и 10 минути од доаѓањето на Новата 2024 година, на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Струмица се роди здраво машко дете, тешко 3.350 кг.

По царски рез, бебето на свет го донесе струмичанката Љубинка Терзиева, како нејзино второроденче. Како прв жител, Општина Струмица на новороденчето му подари штедна книшка со 40.000 денари.

By Ѓ. K.