• Fri. May 17th, 2024

Физичка пресметка помеѓу две групи во училиштен двор во Струмица

ByЃ. K.

Jan 2, 2024

Полицијата ги приведе А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои на новогодишната ноќ околу 20 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.