• Mon. May 20th, 2024

Полека стивнува епидемијата со морбили.Лекарите велат дека кампањата за вакцинација не треба да застане со падот на новозаболени.

Полека стивнува епидемијата со морбили.Во Југоистокот нема регистрирани нови случаи а нема ниту хоспитализирани на клиниката. Во период од пет дена, во Македонија 13 нови пациенти заболеле од мали сипаници.Како што информираат во Институтот за јавно здравје, од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, петмина се од Скопје, а останатите осум се од пет други градови (Куманово, Гостивар, Кочани, Свети Николе и Велес). Сите се невакцинирани, непотполно вакцинирани или се со непознат вакцинален статус.Директорката на детска клиника вели дека кампањата за вакцинација не треба да застане со падот на новозаболени.

Вкупниот број на случаи од декември лани досега, изнесува 1.844 болни. Најголем број на случаите се постари од 30 години. Вкупно 315 бебиња заболеле од морбили на возраст под една година, а 272 деца на возраст од една до четири години. Од невакцинираните лица, 315 се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно календарот за имунизација – информираат во Институтот.
Светската здравствена организација (СЗО) излезе со препораки кои се поврзани со патување, со цел да се спречи меѓународно ширење на мали сипаници.
– Сите патници треба да го проверат нивниот актуелен вакцинален статус и да се осигурат дека добиле две дози на вакцина која содржи компонента против мали сипаници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *