Регион

На 25 јули општина Радовиш започнува со реализација на проектот кој предвидува нов резервоар за вода и цефковод во должина од 3,5 км.

На 25 јули општина Радовиш започнува со реализација на проектот кој предвидува нов резервоар за вода и цефковод во должина од 3,5 км.Денес во општинаската зграда се одржа првиот работен состанок за проектот со кој градот ќе добие нов цевковод и резервоар за вода со што би требало да се реши проблемот со недостатоците на вода особено во високата зона на левата страна од градот.
На состанокот се дефинираа проектните активности и динамиката на реализација на овој капитален проект за општината.
Во телефонски разговор со првиот човек на општината вели дека целта на проектот е да сереши еден од поголемите проблеми кои ги има општината и да се обезбеди питка вода за граѓаните во текот на целата година. Покрај новиот резервоарот ќе бидат заменети и старите азбестно-цементни цевки со што значително ќе се подобри квалитетот на водата во водоснабнителниот систем, истакна градоначалникот Конзулов.
Проектот предвидува нов цевковод од резервоарот во Коџа Баир до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од Раклиш до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од нов резервоар во Куклевица до дистрибутивна мрежа; нов резервоар во Куклевица V = 600 m3; потисен цевковод од пумпна станица „Куклевица“ до спојна шахта Раклиш како и набавка и транспорт, инасталација и пуштање во употреба на мерно-регулаторна опремa.
Проектот е финансиран со кредит од германската KfW Банка каде гарант е Општина Радовиш.

Препорачуваме:

Возач на автобус без соодветна документација

Ване Трајков

Осмомартовски концерт во Гевгелија

ЈЗУ Општа болница Струмица со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за одделот хирургија

Ѓ. K.