• Mon. May 20th, 2024

Се бетонира улицата од центарот на Давидово до црквата

Во Давидово во тек е бетонирањето на улицата од центарот на населеното место до црквата. Тоа е и последниот зафат од летната акција за бетонирање на помали улици во населените места во општината што го изведува ТИРЗ Пелагонија.

При денешната посета на Давидово, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, нагласи дека улицата се бетонира по барање на месната заедница, бидејќи тоа е една од поважните сообраќајници во ова населено место.


-Покрај изградбата на оваа улица, како што е познато во Давидово наскоро ќе започне и изградбата на локалниот пат од Давидови до манастирот „Св.Илија“. Станува збор за пат во должина од 767 метри, кој го поврзува ова населено место со манастирот. За реализација на овој проекто од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на општината и беа доделени 10.665.309 денари. Тендерот за изградба на овој пат е веќе распишан, а по електронското јавно наддавање и изборот на најповолен изведувач, ќе почнат изведбените работи, рече Поцков.


Во рамките на летната акција за обновување на локалната патна инфраструктура се бетонирани неколку улици и краци во општината. Станува збор за над 4.500 метри квадратни улична површина во неколку населени места. Во Кованец е бетонирана уличката која минува кај подрачното училиште, во Моин една поголема и две помали улици, а во Смоквица е бетонирана улицата до селските гробишта, подрачното училиште и црквата во населеното место. Покрај ова, во Гевгелија беше бетониран и паркинг-просторот кај Општата болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *