Спорт

По сениорите, младинците и кадетите на ОК Струмица- ШАМПИОНИ !!!

Кадетите на ОК Струмица ја освоија Шампионската титула во својата конкуренција и на својот клуб му го донесоа четвртиот шампионски пехар оваа сезона.  Деновиве во Скопје се одржа финалниот турнир во кадетска конкуренција каде во полуфиналето, надежите на Струмица со 2:0 го елиминираа Борец од Велес а во големото финале со 3:0 во сетови го декласираа домашниот Вардар.

ОК Струмица е дефинитивно најдобриот одбојкарски клуб во земјава. Ова сезона како и во изминатите се докажа дека професионално работи не само со сениорите туку и со младинските погони, за што говорат шампионските титули. Ова значи дека на струмичката машка одбојка и престојат светли денови на чело со тренерот Кире Ричлиев

Препорачуваме:

„АП Брера Струмица“ новата сезона ја започнува со меч против „Вардар“ од Скопје

Ѓ. K.

Радовишанецот Ашкилов бронзен на Европското првенство во Мај тај борбите во Хрватска

Ване Трајков

Три години од смртта на Истатов, во негова чест дуатлон со Ѓорѓиев

Ване Трајков