Спорт

„АП Брера Струмица“ новата сезона ја започнува со меч против „Вардар“ од Скопје

Во недела стартува новата првенствена сезона, а ждрепката посака во првото коло тимот на Брера да се соочи со тимот на „Вардар“ од Скопје. Натпреварот ќе се игра на теренот на СРЦ „Пандев“ во Струмица со почеток во 17 часот. Од тимот на Брера велат дека ќе се обидат со победа да ја отворат новата натпреварувачка сезона.

Тие упатија отворена покана до сите симпатизери на „АП Брера Струмица“ и љубители на фудбалот да бидат дел од новата фудбалска приказна. Покана доаѓа и од Стефан Наумчески кој од ова сезона е дел од нашиот клуб.

  • „Сметам дека сме подготвени за стартот на новата првенствена сезона. Имавме добар подготвителен период како во Струмица така и во Банско Бугарија. Стручниот штаб на чело со Валенти внесе нов терк на работа, на кој, според мое мислење сите добро се вклопивме. Има позитивна атмосфера во тимот и верувам дека ќе го дадеме максимумот во недела против Вардар. Мислам дека имаме тим кој има што да покаже на теренот и ова нека биде покана до сите лубители на фудбалот во Струмица да дојдат и да ни дадат поддршка“, вели Стефан.

Билетите чинат 200 денари и може да се купат на влезот на СРЦ „Пандев“ пред натпреварот.

Препорачуваме:

Струмичанецот Џингарски брознен на патеката Стоби Неготино од 25 километри

Ване Трајков

Видео – Наковски волеј утре ќе ја освојува втората Шампионска титула во кадетска конкуренција

Ване Трајков

Струмица распиша повик за распределба на 13, 5 милиони денари за поддршка на спортски клубови и тренери