Спорт

Пет од пет за ЖФК Тиверија – падна и битолски Атлетико

Струмичкиот женски фудбалски тим  Тиверија нижи победи. Во рамките на петото првенствено коло струмичанки забележаа победа против Атлетико од Битола со 2:1.Двата гола вредни победа за ЖФК Тиверија  ги постигнаа Пале Николовска и Теодора Димоска.

Со ова победа струмичанки останаа непоразени и се наоѓаат на делба на лидерската позиција со тимот на Драгон 2014.

Победи забележаа и актуелниот првак Истатов, како и Драгон кој игра доста самоуверено оваа сезона и посакува враќање на шампионскиот трон. Истатов со тешки 3-2 со головите на Белистојаноска, Колевска и Велеска го совлада Топ Гол, додека Драгон како домаќин со убедливи 11-0 славеше против Тетово.

Препорачуваме:

Основните училишта од Струмица учествуваа на Меѓуопштински натпревари во ФУТСАЛ

Ѓ. K.

Пандевци го прекинаа постoт – славеа против Скопје во Кичево

Младите борачи од Радовиш со пет медали од балканските спортски игри во Турција

Ване Трајков