Спорт

Младите борачи од Радовиш со пет медали од балканските спортски игри во Турција

Пионерите на БК ,,Бучим,, од Радовиш освоија пет медали на балканските спротски игри што се одржаа во Јалова Турција.  Стефан Димитров стана балкански шампион во својата категорија и се закити со златниот медал додека  Стефан Митев и Мартин Костадинов ги освоија сребрените одличја. Меѓу освојувачите на медали  и тоа бронзени беа Ѓорги Калајциев и Ѓорги Ѓоргиев.

БК ,,Бучим,, од Радовиш учествуваше со  осум борачи во повеќе категории на овие балкански спортски игри во Јалова Турција каде учествува  млади спортисти од 13 држави .

Овие дечиња од БК ,,Бучим,, беа предводени од тренерите Никола Калајџиев, Горан Атанасов и Добрин Трајанов.

Учеството на младите борачи од Радовиш на овие игри се должи на пријателските односи што општината Радовиш ги има воспоставено со општината Чинарџик од Р. Турција

Препорачуваме:

Зетов против Илиевски, Богоев против Мираковски ! Кој ќе слави во Парк- Струмица или Работнички ?

Ване Трајков

РК АСТРАИОН ВО НЕДЕЛА СО ШАНСА ЗА ПЛАСМАН ВО КУП ЗАВРШНИЦАТА, ПОТРЕБНИ СЕ ДВЕ ПОБЕДИ ВО САЛАТА ПАРК !

Вечерва во Скопје, ОК Струмица Никоб го игра реваншот со Динамо

Ване Трајков