Спорт

РК АСТРАИОН ВО НЕДЕЛА СО ШАНСА ЗА ПЛАСМАН ВО КУП ЗАВРШНИЦАТА, ПОТРЕБНИ СЕ ДВЕ ПОБЕДИ ВО САЛАТА ПАРК !

РК Астраион во недела е домаќин на Група 4  од ракометниот КУП на Македонија како квалификациона фаза за пласман во завршницата од ова натпреварување. Во ова група се тимовите на Астраион како домаќини, Младост 09 од Богданци, Вардар од Неготино и Штипски Текстилец. Само победникот од ова група оди во завршницата а ждребот посака ова фаза да ја отворат струмичани со тимот на Младост 09 од Богданци во недела во 11 часот додека во 13 часот Вардар од Неготино ќе игра со Текстилец од Штип

,,Нашите деца се максимално подготвени за Куп натпреварите. Имаме играно и со едните и другите и славевме победа. Со подршка на публиката и максимална псоветеност на нашите играчи може да се најдеме на завршницата од Купот и да играме со некој од ракометните гиганти или пак клубови кои имат долга ракометна историја. Со евентуален пласман во завршницата од КУПОТ Струмица дефинитивно го врака сјајот како ракометен центар и ќе испишеме историја,, вели Ратко Макенаџиев од РК Астраион
На астраионци им е потребна прво победа против составот од Богданци -тимот на Младост 09 а потоа во 17,30 часот да игра со победникот од другито дуел. Само со две победи може да се најде во завршницата од КУПОТ

Препорачуваме:

Фото – Нова КУП титула за Академија Пандев – генерацијата 2003 го крена победничкиот пехар

Ване Трајков

Утре стартува Пандев КУП

Ване Трајков

Фото – Беласица го крена Шампионскиот пехар од Третата лига -Исток

Ване Трајков