Регион

Паљурци се полни, пуштена е вода до земјоделците

По реакциите на земјоделците од општина Богданци и медиумскиот притисок, утрово е пуштена вода од Паљуци низ хидроистемот  до обработливите површини. Надлежните органи средина синоќа одлучиле повторно да  насочат вода од системот за Спас на дојранското езеро кај Ѓавато кон браната, чие ниво вчера беше под дозволениот минимум, заради што беа затворените вентилите на хидросистемот за наводнување

Според информациите , браната Паљурци од синоќа се полни со 600 литри во секунда заради што нивото на водата во браната е зголемено за  три саниметри над дозволениот минимум и веднаш е пуштена вода до земјоделците во Богданци кои вчераа реагираа и бараа вода за наводнување на овие високи температури

Препорачуваме:

Четиригодишно дете од Банско загина во сообраќајна несреќа – го удри „Застава“

Сузана Мицева

Студено време со температури и до -5 степени

По вчерашниот пожар на Златарево:Се пропуштаат само патнички возила, товарниот сообраќај во прекин.

Стојне Митева