• Sun. May 19th, 2024

Четиригодишно дете од Банско загина во сообраќајна несреќа – го удри „Застава“

Четиригодишно дете загина во тешка сообраќајна несреќа во Струмичко, кога возач изгубил контрола и удрил во четворица малолетници, по што завршил во електричен столб, пренесува Макфакс

Како што информира полицијата, несреќата се случила вчера околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, Струмичко, М.Н.(25) кој возел „застава“, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица на 4, 9, 14 и 17 години од селото Банско, а потоа во електричен столб.

По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *