Регион

Гевгеличани добија нов градски пазар

Денеска е пазарен ден во Гевгелија па така пазарџиите од утрово асортиманот на нивните производи го нудеа на новиот градски пазар.Жителите од Гевгелија но и околните населени места од сега ќе можат да пазарат секојдневно,односно пазарот ќе биде отворен секој ден,но традицијата сепак ќе остане и карактеристичните пазарните денови:четврток и недела ќе бидат повтроно пазарни денови со најмногу производи.

Пазарниот простор, односно тезгите, согласно понудата на производите, ќе бидат поделени во неколку делови (зелен пазар, текстилен и пазар наменет за пластика и железарија), а распоредот ќе го врши ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија.

Станува збор за пазар кој ќе има современи услови за понуда и купување на производи карактеристични за европските уредените зелени пазари.
Трговците на располагање ќе имаат површина од 5888 м2

Препорачуваме:

Притвор за двајца осомничени за криумчарење на мигранти

Ване Трајков

Препораки поради високите температури: од 10 до 14 часот што помалку излегувајте на сонце

Сузана Мицева

Да се заменат или донесат уште еден кубик огревно дрво, бара незадоволен струмичанец од Ш.С„Беласица“