Регион

Да се заменат или донесат уште еден кубик огревно дрво, бара незадоволен струмичанец од Ш.С„Беласица“

Димитар Кабранов од Струмица денес пред камерата на Тв Канал Вис се пожали дека огревното дрво кое го добил од Ш.С „Беласица“ а за кое платил по стандард за прва гласа не соодветствува со истото.
Не повика во неговиот двор каде дрвата стојат неисечени речиси два месеци.Вели дека неколкупати бил до управата , но за жал неговите барања за промена на двата не се уважени.

Тој сведочи и дека познава граѓани на кои поради лошиот квалитет на дрва , од шумското стопанство им испракале дополнителна кубикажа како чин на оддолжување и исправање на грешката.

Денес го контактиравме и првиот човек на Ш.С „Беласица“ кој потврдува дека е запознаен со случајот на Кабранов и оти службени лица од подружницата биле на терен.Тие констатирале дека нема нерегуларности.Дополни и дека стандардите за прва класа огревно дрво кое се испорачува до граѓаните не смее да биде под 7 см, а во случајот на Кабарнов немало поместување на стандардите.

Препорачуваме:

Приведен радовишанец, при претрес пронајдена дрога

Ѓ. K.

ВИДЕО: Владата ќе дава субвенции на струмичани кои годинава ќе се приклучат на гасоводната мрежа

Ване Трајков

Цената на гасот се намалува – донесена одлука за намалување на ДДВ од 18% на 5%

Сузана Мицева