Спорт

Пандевци го надиграа Скопје сега сами се на лидерската позиција

Фудбалерите на Академија Пандев со головите на Сашко Пандев и Јани Атанасов го надиграа тимот на Скопје во дербито од 7 коло од Втората лига на Македонија имајки во предвид дека стануваше збор за пресметка на двете водечки екипи во ова натпреварување. Со оваа петта победа ,,пандевци,, сега се сами на лидерската позиција со вкупно 16 бода, 3 повеќе од Скопје кој на стадионот Младост се надеваше на поволен резултат но момците на Панче Стојанов не дозволија бодовите да заминат од Струмица.

Струмичани стартуваа самоуверено и веќе во 3 минута Сашко Пандев го откри резултатот со кој заврши и првото полувреме. Во вторите 45 минута  Јани Атанасов го постави конечните 2:0 со голот  во 64 минута. Со тоа  ги закопа надежите на гостите од Скопје за било какво изненадување

Препорачуваме:

Гипсарски шамар за пандевци, Ренова славеше во Турново против лидерот

Прва сезона и можност за титула – Астраионци во завршната пресметка за пионерски првак на Македонија

Ване Трајков

Академија Пандев против Македонија ЃП, Беласица против Силекс во 1/8 финалето од Купот

Ване Трајков