Спорт

Младите на РК ,,Струмица,, со победа го започнаа Шампионатот!

Младинците на РК,,Струмица,, со победа го започнаа својот шампионат. Вечерва во салата Парк ги надиграа своите врсници од РК,, Македонија ГП,, од Скопје со резултат од 33:25.

Гостите од Скопје во ниту еден момент не беа достоен противник за младите струмичани кои победата ја најавија уште на стартот на натпреварот.

Во младинскиот тим на РК „Струмица“, под водство на тренерот Иванче Ончев се: Ристов Мите, Танев Васко, Наков Васко, Шилинов Иван, Стојков Васко, Попов Димитар, Терзиев Благој, Ѓоргиев Игор, Антонио Тасев, Ангелов Душан и Стојанов Ѓорги

Препорачуваме:

Натпреварот помеѓу ОК „Наковски Волеј“ Струмица и ОК „Вардар ЕМ“ е одложен за 18 декември

Ѓ. K.

Сарамандов се сретна со Македонската кошаркарска репрезентација

Сузана Мицева

ОК Виктори Волеј: Имаме генерација млади одбојкарки со кои Струмица ќе биде горда