Спорт

Пандев и Макенаџиев во ВИС СПОРТ – Струмица наскоро ќе исфрли ракометни репрезентативци !

Струмица наскоро ќе исфрли ракометни репрезентативци велат од РК ,,Астраион“ кој функционира неполни три сезони а во две се натпреварува со младински погони. Станува збор за струмички ракометен клуб кој во кадетска конкуренција е во врвот на македонскиот ракомет а годинава одлично стојат и со пионерскиот состав.  

Тренерот Димитар Пандев и претседателот Ратко Макенаџиев во емисијата ВИС СПОРТ отворено зборуваат дека Струмица заслужува стабилен ракометен клуб. Плановите се идната сезона  да пријават екипа во Прва лига но претходно имаат намера да го освојат кадетскиот шампион, за што фокусирани се, завршницата да ја донесат во Струмица.

Пандев и Макенаџиев отворено зборуваат и за ЕП во ракомет во Хрватска.  Според нив Македонија и со и без Лазаров има потенцијал да направи изненадувања против Чешка и Данска за историски успех на македонската ракометна селекција.

Но и да не се учествува во полуфиналето  како што кажаа, Македонија со победите против Словенија,Црна Гора и одличната  игра односно  нерешениот исход против Германија  но и со македонската фаланга во Хрватска ги изненади сиите.

Повеќе во емисијата ВИС СПОРТ понеделник 20 часот и 30 минути и репризните изданија во вторник во 13 часот

Препорачуваме:

Ексклузивно – Нов кошаркарски трансфер од струмички Ролинг 08 во унгарски Ујпешт МТ

Ване Трајков

Пандевци не издржаа – бразилците славеа со 3:1

Ване Трајков

Наковски волеј го доби Универзитет Тетово, Струмица тимот на Вардар за противници во полуфиналето од Купот