Спорт

Начевски Шампионски се прости со играчката кариера но останува со фудбалот – Ќе ги тренира малите ,,пандевци,,

Драган Начевски се збогуваше со активна играчка кариера. Тој вчера го одигра последниот натпревар на фудбалски терен и тоа во дресот на сениорската екипа на ,,Академија Пандев,, која вчера го подигна Шампионскиот пехар и се најде во елитата.

Начевски сепак останува со фудбалот. Тој ќе биде еден од тренерите на младинските погони на ,,Академија Пандев,, чие раководство вчера му го додели неговиот дрес и повеќе подароци за неговиот учинок во сениорскиот состав и пласманот во Првата лига

Драган во својата играчка кариера има освоено два Шампионски пехари и четири Куп трофеи. Играше за Вардар, Металург, Тетекс а беше и во Азербејџан, Кипар. Грција. Во неговото CV како активен фудбалер стои и дека има 14 репрезентативни настапи

Препорачуваме:

Македонија Макс се засили и веднаш забележа победа, приреди шок и вистинска сензација во Штип

Беласица на Младост против Шкупи, пандевци во Турново против гипсарите, утре играат за нови победи

Јокич ја спаси Струмица од пораз во драматична завршница со Пелистер

Ване Трајков