Свет

Стадионот Олимпико во солзи, капитенот Франческо Тоти се прости со Рома

Светскиот фудбал повеќе нема да биде ист, затоа што уште една легенда реши да ги закачи копачките на клин. Франческо Тоти, легендата на Рома и италијанскиот фудбал го одигра последниот фудбалски танц и ѝ кажа збогум на најважната споредна работа во светот.
Целиот „Олимпико“ му аплаудираше на долгогодишниот капитен и живата легенда, а потоа прсна во плач и скандираше „Само еден е наш капитен!“. Јуначкото срце на Тоти исто така не издржа, па и тој прсна во плач и им се поклони на навивачите кои беа со него и во добро и во зло.
Тоти беше дел од Рома од далечната 1989 година. За тимот одигра 786 натпревари и постигна 307 гола.

Препорачуваме:

План за ковид-пасоши

Сузана Мицева

Бугарите протестираа пред француската амбасада против предлогот

Сузана Мицева

Белорусија воведува смртна казна за потенцијалните терористи