Свет

Белорусија воведува смртна казна за потенцијалните терористи

Белорусија воведе смртна казна за обиди за терористички акти, објавија во средата руските агенции, потсетувајќи дека ова се обвинувањата со кои се соочуваат неколку опозициски активисти во таа поранешна советска земја.

Белорусија – близок сојузник на Русија – е единствената земја во Европа која продолжува да извршува егзекуции и покрај повиците за мораториум.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша закон за можност за извршување на смртна казна за обиди за терористички акти!“, објави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на владиниот онлајн портал за правни информации.

Законот ќе стапи во сила 10 дена по неговото објавување.

Белорускиот суд во градот Гродно денеска започна затворено рочиште за случајот против 12 активисти обвинети за „подготовка на терористички акти“, соопшти белоруската група за човекови права „Вјасна“.

Препорачуваме:

Србија се затвора до понеделник

Сузана Мицева

Двајца струмичани загинаа во сообраќајна несреќа во Пјаченца

Сузана Мицева

Високо ниво на канцерогена супстанца е откриено во чипс произведен во Србија

Ѓ. K.