Регион

„Струмички лангрдии“ музичко-сценски перформанс на гимназијалците

Незаборавен и несекојдневен музичко-драмски перформанс на СОУ „Јане Сандански“-Струмица под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Катерина Милушева. Вака струмичката гимназија го најавува перформансот што ќе се одржи в четврток на 26 мај 2022 година во НУЦК „Антон Панов“ Струмица.

-Бидете дел од доживувањето на спомените за една Струмица која одамна ја нема. Слушнете ја приказната за еснафите кои оставија белег, за младоста од едно време низ играта на една нова генерација која на свој начин се обидува да ги заживее, зачинето со струмичкиот дијалект и препознатливи песни!, стои во објавата на Фејсбук профилот.

Десет глумци, дванаесет членови на оркестарот, петнаесет хористки, сите аматери, Ве повикуваат да бидете дел од овој настан во големата сала на НУЦК „Антон Панов“-Струмица, на 26.05.2022 година (четврток) во 20:00 часот.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Од идната година задолжителна вакцина против бруцелоза

ФОТО: Спектакуларно 6то издание на Детксиот фестивал „Јо-Јо“

“Oслободени во боја” – Самостојна изложба на Соња Настовска

Ѓ. K.