Регион

Мпц промовира нова коледарска песна

Црквата смета дека дел од познатите коледарски песни не треба да се пеат, бидејќи повикувале на смрт и разврат. Сметајќи дека коледарските песни имаат спорна содржина, и дека во голем дел се косат со христијанството, Струмичката Епархија и Македоската Православна Црква денеска промовираа нова, православна коледарска песна. Дојдоа со хор и за првпат ја испејаа во општинската зграда на Струмица.

За фолклористот Иван Котев, песните се дел од фолклорот и треба да се негуваат како духовно богатство бидејќи сведочат за народните верувања и за животот пред векови, за мешањето на паганстовто со христијанството.

Коледарските песни традиционално се пеат околу коледарските огнови, вечерта во очи на Коледе, а утрото децата ги посетуваат куќите и со песна ги поздравуваат домаќините кои за возврат ги даруваат со слатки, овошје или пари.

Препорачуваме:

МЗ: Смртноста на пациенти со ковид драстично голема во градовите каде има мал процент вакцинирани

Костадинов: Мојата борба има свој слоган: „Без корупција за среќна и напредна Струмица“

Ѓ. K.

Сообраќајка во Богданци повреден моторциклист

Ване Трајков