Македонија Регион

МЗ: Смртноста на пациенти со ковид драстично голема во градовите каде има мал процент вакцинирани

Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.

Според тоа, во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат.

Тетово, го пречека бранот само со 19% вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, односно 106 до крај на август.

Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува речиси 37%. Слична е состојбата и во Гостивар, каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73.

Препорачуваме:

Фото – Средношколците од Димитар Влахов меѓу најдобрите истражувачи во Македонија

Струмица ја одбележа 18 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија научија како треба да постапат при земјотрес

Сузана Мицева