Регион

Непрооден патот Валандово-Дојран

ОД Авто мото сојузот на Македонија информираат дека утрово од 8 часот патот Валандово-Стар Дојран е во прекин во двата правци, поради наноси од снег.

Синоќа на патот Валандово-Струмица се преврте камион, поради што  сообраќајот се пренасочувал во една коловозна лента. Во текот на ноќта патот е расчистен и е прооден.

И во струмичко снегот предизвика проблеми во сообраќајот. Синоќа околу 19.00 часот на влезот во Дабиле и во селото се случија две сообраќајни несреќи, поради што движењето ан возилата беше отежнато.

Од општина Струмица информираат дека екипи се на терен и го расчистуваат снегот во градот и населените места.

Препорачуваме:

Граѓаните се жалат – пресметани им се помалку пари за поврат на ДДВ

Стојне Митева

Се сруши дел од куќата на Хаџитосеви која е заштитено културно наследство (ВИДЕО)

Ване Трајков

Крводарителска акција на УЈП Струмица