Регион

Лош старт на откупот на пролетната зелка

Почна откупот на зелката во струмичко. Земјоделските производители од село Муртино веќе ги набраа првите количества од пролетна зелка и ги предаваат на откупните пунктови. Таму зелката се откупува за 25 денари по килограм.

Дел од производителите велат дека цената е добра, но доколку истата се намали со зголемување на понудата на раната зелка, земјоделците нема да можат да ги покријат ниту производствените трошоци.

Лани првите количества на зелка од овој крај се откупуваа за 40 до 50 денари по килограм. Годинава производителите велат дека квалитетот е подобар , но почетната цена пониска.

 

Препорачуваме:

Порибени Турија и Водоча

Ване Трајков

Ќе се уредуваат излетничките места Мокрински извори и Колешински водопади

Ќе има бадникови огнови во Богданци и Стојаково

Сузана Мицева