Регион

Лош старт на откупот на пролетната зелка

Почна откупот на зелката во струмичко. Земјоделските производители од село Муртино веќе ги набраа првите количества од пролетна зелка и ги предаваат на откупните пунктови. Таму зелката се откупува за 25 денари по килограм.

Дел од производителите велат дека цената е добра, но доколку истата се намали со зголемување на понудата на раната зелка, земјоделците нема да можат да ги покријат ниту производствените трошоци.

Лани првите количества на зелка од овој крај се откупуваа за 40 до 50 денари по килограм. Годинава производителите велат дека квалитетот е подобар , но почетната цена пониска.

 

Препорачуваме:

„Таа“ со Оливера Аризанова

Dimitar Micev

Во сите гевгелиски училишта наставата со физичко присуство се одвива редовно, а продолжува приклучувањето во онлајн-наставата

Сузана Мицева

Увид во изградбата на Поројот Свети Илија во Струмица