• Fri. May 17th, 2024

Костадинов: Цела Струмица на нозе за победничката Славица Ангелова

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

Цела Струмица на нозе. Илјадници струмичани со радост, гордост и низ песна ја пречекаа својата сограѓанка Славица Ангелова, победничката на големото балканско музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Многу аплаузи и овации за неа, но и за нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.

Прекрасно доживување, вистински спектакл и безброј споделени емоции. Тоа го може само Струмица, затоа што само Струмица раѓа такви победници.

  • Горд сум што организиравме таков прекрасен пречек за Славица и неизмерно сум среќен што од мое име и од името на сите струмичани ја поздравив нашата хероина и нејзиниот ментор, и им честитав на големиот успех. Тие тоа го заслужија.

Нека знае Македонија, Балканот, Европа и светот дека една мала Струмица има големи имиња како што е нашата Славица Ангелова. Честитки за неа и нека и се множат убавите нешта во животот и кариерата.

By Ѓ. K.