Регион

Комар апарат пронајден во радовишката пожарна, кривична за одговорното лице

Струмичката полиција пронашла апарат за забавни игри во просториите на Противпожарната служба во Радовиш. Имено, на 20 октомври при редовна патна контрола, бил затечен осомничениот Г.К (47) вработен во ТТПЕ. Поради постоење основи на сомневања, полицијата дополнително презела полициски дејствија и извршила увид во документацијата и преглед на службените простории, каде што бил забележан апарат за забавни игри „Magic Multi Energia Game“ кој се става во погон со пари, жетони или на друг начин.

За настанот веднаш е запознаен јавен обвинител од ОЈО Радовиш а со Решение од судија на претходна постапка на Основен суд Радовиш апаратот е одземен, информираат од СВР Струмица.

НК за КР – Радовиш по целосно документирање на настанот достави кривична пријава до ОЈО Струмица  против пријавениот како одговорно лице во ТППЕ-Радовиш, кој во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со  „Законот за игрите на среќа и за забавните игри“, за што  постојат основи на сомневања дека го сторил кривичното дело .

Препорачуваме:

Видео снимки од несреќата во Бугарија

При крај реконструкцијата на објектот во населбата Касарна

Ване Трајков

Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото |

Стојне Митева