Регион

Во првиот ден од ЕКО акцијата собрани се 18 метри кубни отпад

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица започнаа со реализација на големата ЕКО акција во пресрет на новогодишно – божиќните празници.

Во првиот ден од акцијата која што се реализираше во населбата Карпош собрани се 18 метри кубни разновиден отпад. Акцијата продолжува в недела на улиците „Невена Стојкова“, „Мирче Ацев“, „Орце Николов“, „Вера Циривири“, „Солунска“, „Загребачка“, „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Партизанска“ и „Тодор Чучков“.

Се известуваат граѓаните кои што живеат на овие улици, доколку имаат отпад за фрлање, да го изнесат пред дворните места и да се јават на телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 за да биде подигнат.

Препорачуваме:

Зградата на сегашното нервното одделение и психијатриската болница наскоро заминува во историјата

Стојне Митева

ЗНМ и СЕММ денеска ќе го објават регистарот на онлајн медиумите кои работат професионално во Македонија

Стојне Митева

Во Дабиле приведни три лица за украдено возило

Ване Трајков